NajboljeKompanije.com

info@najboljekompanije.com

DALVINA VINARIJA
Home » Adresar Najboljih Kompanija  »  Vinarije  »  DALVINA VINARIJA
DALVINA VINARIJA

Далвина е млада и просперитетна винарија опкружена со 410 хектари сопствени лозови насади, со колективен склад од 7 милиони литри и годишен производствен капацитет од 3.4 милиони литри. Во секој чекор се воведува најмодерната технологија, почнувајќи од гроздоберот, преносот, ракувањето, пресите, се до ферментацијата. Тимот неуморно ја обликува својата страст според калапот на најстрогиот метод за да се достигне врвниот стандард на нашите вина. Нашиот стремеж е да се истакнат уникатните карактеристики на гроздовите, почвата и микроклимата на нашето подрачје - и да ги претопиме во течна уметност.

Лозовите насади и винаријата се наоѓаат во долината на реката Струмешница, во Струмичко-Радовишкиот вински регион од југо-источна Македонија. Прегрнати од високи планини, на просечна надморска височина од 280 метри, со насадите владее медитеранска клима, додека во летните ноќи ги разладува умерен студен ветер. Со околу 210 сончеви денови, температура од 20.2°C во периодот на вегетација, ниска атмосферска влажност и скромен грст врнежи преку целата година - здравите гроздови се основна карактеристика на нашиот регион.

https://www.dalvina.com.mk/

📍 Локација:Струмица - Визба

🗺️ Адреса:Број 9, с.Хамзали

📅 Денови:Понеделник - Петок

🕒 Време:7:30 - 15:30

☎️ Телефон:+389 34 375 578

📱 Мобилен:+389 70 204 896

📧 Е-пошта:ceo@dalvina.com.mk

Scroll to Top